недела, јануари 17, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

(ВИДЕО) Том Брејди не успеа да ги запре вицешампионите од 2019

Епов Насе ✏️ Епов Насе
ноември 24, 2020
📁 Останато, Спорт

Вицешампионите од сезоната 2018/19, во последниот меч од единаесеттото коло во НФЛ, им гостуваа на Баканирс од Тампа Беј.
Натпреварот беше полн со атракција, израмнувања и пресврти, но накрај Ремс триумфираа со 24-27.
Во првото полувреме, двете екипи постигнаа по два тачдауни – Роберт Вудс и Ван Џеферсон за Ремс, односно Мајк Еванс и Ленард Фурнет за Баканирс. Единствена причина поради којашто екипата од Лос Анџелес замина со предност на паузата беше погодениот филд-гол на Мет Геј во последната секунда.
Имајќи во предвид дека гостите го добија овој меч, нивната активна серија од победи при водство на полувремето од 2017 се зголеми на 32-0 што е втора најдолга во историјата на НФЛ.
Во вториот дел, повторно идентичен учинок имаа и двата ривали, со по еден тачдаун и по еден филд-гол.
За Баканирс прецизно шутираше Рајан Сакоп, а топката во противничката енд-зона ја внесе Крис Годвин, додека за Ремс поентираа Кем Ејкерс и гореспоменатиот Геј.
На нешто помалку од три минути до крајот, Том Брејди имаше напад, со којшто можеше да го израмни или да го преврти резултатот, но искусниот квотербек ја подаде топката во рацете на противничката одбрана, односно на Џордан Фулер, кој претходно уште еднаш му пресече негово додавање.
За нијанса подобар од Брејди беше гостинскиот квотербек, Џеред Гоф, кој имаше биланс од три тачдауни, две пресечени додавања и освоени 376 јарди од 39/51 успешни обиди.
Со новиот триумф, Ремс (7-3) го презедоа врвот на НФК Запад и се искачија до второто место во својата конференција, додека Баканирс (7-4) се три позиции подолу.

Во соработка со НФЛ Македонија

Tags: Американски фудбалЛА РемсНФЛТампа Беј
ShareTweet
Претходна вест

(Видео) Погледнете како се произведува Skoda, Octavia iV!

Следна вест

Кучи: Го развивам женскиот фудбал во Тетово, сакам европска Шкендија

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на зимските и на англиски фудбал.

Слични вести

(ВИДЕО) Бафало Билс изборија конференциско финале за првпат после 1993
Останато

(ВИДЕО) Бафало Билс изборија конференциско финале за првпат после 1993

✏️ Епов Насе
17/Јан/2021
(ВИДЕО) Харден дебитираше за Бруклин со трипл-дабл
Кошарка

(ВИДЕО) Харден дебитираше за Бруклин со трипл-дабл

✏️ Епов Насе
17/Јан/2021
(ВИДЕО) Пекерс пресилни за Ремс во конференциското полуфинале
Останато

(ВИДЕО) Пекерс пресилни за Ремс во конференциското полуфинале

✏️ Епов Насе
17/Јан/2021
Ниту џокерот Несторовски не беше доволен Удинезе да избегне пораз
Спорт

Ниту џокерот Несторовски не беше доволен Удинезе да избегне пораз

✏️ Предраг Јанчески
17/Јан/2021
Следна вест
Кучи: Го развивам женскиот фудбал во Тетово, сакам европска Шкендија

Кучи: Го развивам женскиот фудбал во Тетово, сакам европска Шкендија

Последно

(ВИДЕО) Бафало Билс изборија конференциско финале за првпат после 1993

(ВИДЕО) Харден дебитираше за Бруклин со трипл-дабл

(ВИДЕО) Пекерс пресилни за Ремс во конференциското полуфинале

Ниту џокерот Несторовски не беше доволен Удинезе да избегне пораз

Јован Стојоски втор и со личен рекорд на првенство во сала

Спартанците газеа! Македонија по втор пат во историјата на Европско

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.