Најдобриот македонски тенисер и талент Калин Ивановски го забележа најголемиот успех во кариерата откако во финалето на ИТФ турнирот во Тунис го совлада Азиз Кијаметовиќ од Босна и Херцеговина.
Калин Ивановски славеше со 2:1 по сетови 4:6, 6:4 и 6:1. Со оваа победа тој ќе влезе помеѓу 1000. најдобри тенисери во светот.