Петтото коло на англискиот Чемпионшип го затвори деведесет и деветтото издание на ,,Севернсајд дерби” помеѓу Бристол Сити и Кардиф.
Истото, по четириесет и втори пат во историјата, заврши во корист на клубот од Бристол, кој славеше со 2-0.
Домаќините постигнаа по еден гол и во двете полувремиња, а стрелци беа Томи Конвеј (41′) и Роберт Еткинсон (64′).
Иако резултатот прикажува лесна победа на популарните ,,Робинс”, сепак и Кардиф имаше свои шанси, кои беа одлично запрени од голманот Даниел Бентли.
На табелата, Бристол Сити скокна на седмото место, спуштајќи го Кардиф на дванаесеттата позиција.