понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна ИНТЕРВЈУ

Јаковска: Работам со несмалено темпо за да се придвижам кон целта

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
мај 30, 2020
📁 ИНТЕРВЈУ

1.Кога за прв пат почуствува дека ќе се занимаваш со фудбал ?

– Ги гледав моите другарчиња во маало и од љубопитност започнав со нив да играм и тој момент е пресуден за мојата идна професионална определба.

2.Кој го откри твојот талент ?

Тренинг со тимот на Спартак Суборица – Ели Јаковска

– Мојот талент го открија татко ми и мојот прв тренер Сретан Милошевски.

3.Кој е првиот тренер со кој имаш соработувано и од кој тренер најмногу научи ?

– Мојот прв тренер ми е Сретан Милошевски од Пробиштип, со кој воедно ја започнав мојата кариера. Најмногу научив од сегашниот селектор на женската македонска репрезентација Кирил Изов.  

4.Можеш ли да ни го доловиш впечатокот од првиот твој тренинг ?

– Секогаш кога е нешто ново е тешко на почетокот, таков беше случајот и со мојот прв тренинг, а од друга страна секоја вежба ја гледав внимателно и ми беше забавно па уживав во секој момент од тренингот исто како и сега.

ЖФК Истатов од Дојран – Ели Јаковска

5.Настапуваш на позиција напаѓач. Какви карактеристики треба да се поседува за оваа позиција?

– Да играм на позиција напаѓач. На оваа позиција е потребна смиреност, брзо и рационално размислување за успешно  решавање на тие ситуации пред да се постигне гол.

6. Имаш долгогодишна успешна кариера. Во кој клуб ги имаш најубавите сеќавања и успеси?

– Најголемите спортски успеси ги имам постигнато со српскиот клуб ЖФК Спартак Суботица, додека најубаво се чуствувам во сегашниот клуб Конак Беледиеспор од Турција.

– Инаку во текот на кариерата имам настапувано за следниве клубови: ЖФК Црешово Топче, ЖФК Борец, ЖФК Тиверија, ЖФК Истатов, ЖФК Драгон, а интернационалната кариера е составена од клубовите: Спартак Суботица од Србија, Брезница од Црна Гора, Јувентус Алстетен од Швајцарија и во Турција за тимовите на Бешикташ и Конак Беледиеспор.

Првенствен Натпревар во дресот на Бешикташ – Ели Јаковска

7. Играше за великанот Бешикташ можеш ли да опишеш какво е тоа искуство ? Сега си во Конак Беледиеспор со какви амбиции е клубот ?

– Да се игра во таков великан е навистина големо задоволство, чест и причинува убаво чуство. Тој дел од кариерата засекогаш ќе биде во моите сеќавања. Оваа сезона со Конак ги загубивме шансите за шампионска титула, но ќе се потрудиме наредната сезона да ги оствариме амбициите да се искачиме на шампионскиот трон и да заиграме во Лига на шампиони после пауза од неколку години.

8.Имаш репрезентативно искуство. На кое ниво е женскиот клупски и репрезентативен фудбал во Македонија ?

– За оваа сезона незнам што точно се случува во лигата бидејќи сум надвор од случувањата, но кога се работи за репрезентативниот фудбал, има голем напредок и се виде по неколкуте резултати во последно време.

Репрезентативен настап за Македонија – Ели Јаковска

9. Има ли заинтересираност на девојките во Македонија да се занимаваат со фудбал и дали им советуваш да тренираат фудбал ?

– Заинтерисираноста од ден на ден се зголемува и мие многу мило и среќна сум поради тоа. Убаво е да има во што поголем број, бидејќи еден ден треба нас да не наследат. Ако се сака успех мора упорно да тренираат и да се посветат на тренингот.  

10. За кој европски клуб сонуваш да заиграш и дали еден ден ќе те гледаме во Лигата на шампиони ?

– На ова сеуште немам одговор затоа што незнаеме што носи иднината, секако и јас сонувам и се надевам но се уште има време, јас се трудам да се придвижам кон целта која сум ја определила.

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
Првенствен меч во дресот на Конак Беледиеспор – Ели Јаковска

11.Кои се твоите идни планови и каква порака ќе им испратиш на нашите верни читатели на јависејужна.мк ?

– Посакувам здравје, па се останато, јас продолжувам со несмалено темпо во кариерата. На читателите им препорачувам да продолжат да ги следат и да ги читаат објавите на јависејужна.мк, бидејќи овој сајт нуди секогаш интересни и различни објави од останатите.

 

Снимање на реклама за АВОН – Ели Јаковска
Квалификации за Лига шампиони во дрес на Брезница, Црна Гора – Ели Јаковска
Во дресот на Бешикташ – Ели Јаковска
Шампионски трофеј Спартак Суботица од Србија – Ели Јаковска
Квалификации во дрсот на Македонија – Ели Јаковска
Во репрезентативен дрес на Македонија – Ели Јаковска
Првенствен натпревар во дресот на Јувенстус Алстетен од Швајцарија – Ели Јаковска

Share391Tweet
Претходна вест

НРЛ: Трета последователна победа за Канбера Реидерс

Следна вест

Успешниот голман ќе гради тренерска кариера во Хорта

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Лео Созовски: За успех во одреден спорт потребна е напорна работа, се надевам еден ден ќе ги бранам боите на Македонија
ИНТЕРВЈУ

Лео Созовски: За успех во одреден спорт потребна е напорна работа, се надевам еден ден ќе ги бранам боите на Македонија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
07/Ное/2024
Стефан Мечкароски – Кондициски и фитнес тренер на фудбалскиот шампион Струга ТЛ
ИНТЕРВЈУ

Стефан Мечкароски – Кондициски и фитнес тренер на фудбалскиот шампион Струга ТЛ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Окт/2023
Никола Кутаноски: Со максимална работа во минимални услови ние создаваме Шампиони
ИНТЕРВЈУ

Никола Кутаноски: Со максимална работа во минимални услови ние создаваме Шампиони

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Јул/2023
Ана Петроска: Љубовта која ја чувствувам према Струга ja споделувам преку моите фотографии (ГАЛЕРИЈА)
ГАЛЕРИИ

Ана Петроска: Љубовта која ја чувствувам према Струга ja споделувам преку моите фотографии (ГАЛЕРИЈА)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Јун/2023
Следна вест

Успешниот голман ќе гради тренерска кариера во Хорта

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.