Последниот денешен натпревар во рамките на третото коло од НРЛ го одиграа екипите на Мелбурн Сторм и Канбера Реидерс. Канбера славеше со 6-22 и ја запиша својата трета победа во првите три кола сезонава. Од друга страна, за Мелбурн, ова беше прв пораз.
Речиси сите поени паднаа во првото полувреме. Најпрво, актуелниот вицешампион, Канбера, поведе со 0-12 преку двата есеи на Рапана и Кортик односно двете успешни конверзии на Крокер. Во продолжение, Мелбурн намали на 6-12 преку есејот на Финукане и конверзијата на Смит, за до крајот на полувремето Никол-Клокштад и Крокер да ја вратат предноста на својот тим.
Во вториот дел, единствените поени паднаа преку есејот на Тапин.
Со оваа победа, Канбера изби на втората позиција, а Мелбурн падна на седмото место.



