Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во главната фаза на ИТФ-фјучрсот во Визбаден, Германија.
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно ги мина квалификациите. Прво славеше против германката Јулија Мидендорф со 2-0 во сетови (6-3, 6-4), додека во второто коло уште поубедливо со 2-0 (6-4, 6-1) ја доби летонката Дијана Марцикевича.