Новак Ѓоковиќ стигна до третото коло на Ју-Ес Опен, откако на дуелот со Холанѓанецот Грикспор славеше без загубен сет.
Српскиот тенисер стигна до победа со резултат по сетови 6:2/6:3/6:2 и веќе може да размислува за Нишикори кој е следниот противник на последниот грен-слем годинава.



