
На 16 октомври 2018, Јокерит славеше над АК Барс Казањ со резултат од 2-3.
Сепак, оттогаш наваму, Финците не знаат за триумф и имаат шест меѓусебни порази во низа.
Токму последната загубена средба од источните ривали, претставниците на Хелсинки ја запишаа денес, во вториот натпреварувачки ден од новата КХЛ сезона.
Имено, хокеарите на АК Барс ги оправдаа фаворитската улога и домашниот терен и славеа со вкупни 3-0.
Стрелци на головите беа дебитантите Кирил Панјуков и Џордан Вил во првата, односно Никита Динјак во втората третина.
Голманот на домаќините, Игор Бобков, на дебито во дресот на тимот од Казањ го запиша и првиот овосезонски шут-аут со 22/22 одбранети шутеви.