понеделник, јануари 18, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна ИНТЕРВЈУ

Елена и Димитар: Никогаш не се откажувајте – што е ваше ќе си дојде

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
август 16, 2020
📁 ИНТЕРВЈУ

1.Кој ве запозна со кошаркарската/одбојкарската игра ?

2.Колку години тренирате и дали претходно ве интересирала друга професија ?

3.Кој е вашиот прв спортски ментор ? Се сеќавате ли како изгледаше првиот ваш ден на тренинг или натпревар ?

4.На која позиција настапувате и кои се карактеристиките на таа позиција ?

5.Со какви успеси и достигнувања може да се пофалите ?

6.Струмица е спортски град. Дали им советувате на новите генерации да се занимаваат со спорт?

7.Кои се придобивките од спортот ?

8.Кој вие ваш омилен спортист/спортистка и омилен тим за кој што навивате ?

9.Дали успевате да се подржувате од трибина која еден од вас има спортски натпревар ?

10.Каква порака ќе им испратите на читетелите на јависејужна.мк ?

1.Eлена: Со самото тоа што потекнуваме од спортско семејство, запознавањето со одбојката почнува уште од мали нозе. Мајка ми која е бивша одбојкарка и  Југословенска репрезентативка, како и прогласена за спортист на 20тиот век на град Струмица е “главниот виновник” за љубовта кон теренот и страста кон одбојката.

Димитар: Од својата 6 годишна возраст, татко ми често ме носеше на најблиското игралиште каде ме учеше на првите кошаркарски чекори. Љубовта кон таа игра се роди со првото застанување на теренот и погледот кон кошот.

2.Елена: Веќе 14 години тренирам активно и одбојката е дел од моето секојдневие. Одсекогаш сум сонувала да бидам успешна одбојкарка, но со завршувањето на основно училиште се појави желбата за економист како професија на која би работела по завршувањето на одбојкарската кариера. Од Април 2020 година сум Магистер по односи со јавноста и меѓународен маркетинг менаџер.

Димитар: Тренирам активно веќе 11 години. Покрај колеџот кој го изучувам, кошарката ми е цел и правец во кој сакам професионално да се докажам.

3.Елена: Мојот прв ментор и понатаму најголема поддршка е мојата мајка. Се започна од одењето на тренинзи со неа, додека таа тренираше во клуб од Струмица. Се сеќавам на моето воодушевување на постарите играчи и желбата еден ден да бидам подобра од нив.

Димитар: Мојот прв спортски ментор е татко ми, со него ги научив основите на кошарката. Поддршката, мотивацијата,  како и најстрогите корекции после натпревар се секогаш од негова страна.

4.Eлена: Настапувам на позицијата примач, позиција која заедно со техничарот превзема најголема одговорност во играта. Позиција која е значајна од почетокот на играта со прием од сервис, напад, и се разбира е вклучена во секој вид на одбрана.

Димитар: Крилен центар е позицијата која ја играм. Постигнувањето на кошови и одбрана под сопствениот кош со скокови се главните карактеристики на оваа позиција. А мојот шут е тоа по сто сум најмногу препознатлив во играта.

5.Eлена: За секој спортист индивидуалните признанија претставуваат најзначаен успех, така и за мене најголем успех е прогласувањето за Најкорисен играч на турнир во Бујукчекмече, Турција и признанието за Најдобар играч на ОК Србијанка 014, Србија. Покрај многуте медали и пехари, голем успех за мене претставува настапот за Македонската сениорска репрезентација на 17 годишна возраст, со што истата година одиграв успешна сезона во Ираклис, Суперлигаш во Грција.  2 години по ред настапувањето за 2 различни клуба во Србија, а постигнување на исти успех ( влез во Прва Државна Лига на Србија ). Исто така, огромен успех е овогодинешното освоено 4то место со дебитантот ОК Струмица Жени и влезот во полуфинале Куп на Македонија кое за жал поради ситуацијата со вирусот не беше одиграно.

Димитар: Во досегашната кариера можам да се пофалам со 3то место во EYBL со тимот на LBBA од Луксембург, со истиот тим го освоивме младинскиот турнир во Виена, Австрија. Со Clarendon College од Тексас  го освоивме регионалниот турнир и конференцијата на цел Тексас и иборивме учество на завршниот турнир во JUCO College лигата во Америка кој беше прекинат поради Ковид -19 пандемијата со тоа остваривме и историја на колеџот кој се натпреварува во истата лига веке 40 години и за прв пат ја освојуват конференцијата и се пласира на завршниот турнир. И потписот со IUPUI Jaguars Indiana College во D1 NCAA Лигата во Америка.

6.Eлена: Струмица е дефинитивно одбојкарски град. Мојот совет за сите генерации е да почнат да се занимаваат со спорт, бидејќи тоа те прави поздрав, те учи да го цениш својот труд и дефинитивно те гради како подобра и значајна личност за општеството.

Димитар: За сите спортисти и кошаркари мојот совет е никогаш да не престанат да си го следат својот сон. Колку ќе вложиш толку ке добиеш , со напорен труд се достигнуваат сите соништа.

7.Eлена: Спортот ти овозможува многу работи. Најважно од се е водењето на здрав живот, придонесува за убав изглед, другарства кои траат засекогаш, препознатлив си меѓу твоите врсници и чувството на среќа после победа е незаменливо.

Димитар: Придобивките од спортот се здравјето, дружбите со голем број на луѓе, познанствата од сите страни на светот.

8.Eлена: Немам омилен спортист или екипа. Ги почитувам сите спортисти што се борбени, трудољубиви и со скромност доминираат надвор од теренот.

Димитар: Омилен спортист ми е Коби Брајант, пример за спортист на теренот како и надвор од него. Лејкерс е екипата за која навивам од мали нозе.

9.Eлена: Моментот на обострана поддршка од трибините одамна не сме го почувствувале, далечината го прави своето. Во мислите знаеме дека сме тука еден за друг во било кое време и за било што, така да отсуството и не е толку приметливо. Коментарите и советите се секогаш кажани после одгледана снимка од натпреварите.

Димитар: Секогаш кога сестра ми има натпревар, а не сум во можност да ја гледам во живо критики и поддршка добива секогаш после одгледаниот натпревар или статистика.

10.Eлена:  Останете сите во добро здравје, чувајте се и почитувајте ги мерките за заштита од вирусот. НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ, ШТО Е ВАШЕ ЌЕ СИ ДОЈДЕ.

Димитар: Им препорачувам на сите читатели на јависејужна.мк да бидат предпазливи од вирусот и да носат маска со тоа ке ги заштитат самите себе и сите околу нив, секогаш да се борат за остварување на своите цели.

Share389Tweet
Претходна вест

(СТРУГА 2020) Галерија: Вардар – Бутел *втор дел

Следна вест

Полуфинале без англиски, италијански и шпански екипи

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Вук Лакичевиќ – Стружани се прекрасни им благодарам на поддршката!  Ќе бидам уште подобар
ИНТЕРВЈУ

Вук Лакичевиќ – Стружани се прекрасни им благодарам на поддршката! Ќе бидам уште подобар

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Дек/2020
Кучи: Го развивам женскиот фудбал во Тетово, сакам европска Шкендија
ИНТЕРВЈУ

Кучи: Го развивам женскиот фудбал во Тетово, сакам европска Шкендија

✏️ Предраг Јанчески
24/Ное/2020
(Интервју) Мемедова: Седете дома за да победиме сите заедно
ИНТЕРВЈУ

(Интервју) Мемедова: Седете дома за да победиме сите заедно

✏️ Предраг Јанчески
10/Ное/2020
Десподовска: Полска е мојот втор дом каде се чуствувам прекрасно
ИНТЕРВЈУ

Десподовска: Полска е мојот втор дом каде се чуствувам прекрасно

✏️ Предраг Јанчески
31/Мај/2020
Следна вест
Полуфинале без англиски, италијански и шпански екипи

Полуфинале без англиски, италијански и шпански екипи

Последно

(ВИДЕО) Тампа Беј во полуфинале за првпат после 2002

(ВИДЕО) Прекината историската бајка на Кливленд: Канзас Сити победи во завршниот трилер

(Видео) Место центаршут топката заврши во противничката мрежа

(ВИДЕО) Сензационалниот дебитант го освои ,,Мастерс”

(ВИДЕО) Питсбург го доби Вашингтон после пенал-серијата

(ВИДЕО) Њујорк ја прекина победничката серија на Бостон

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.