Манчестер Сити е последниот голем тим кој испадна во нокаут фазата и тоа од Олимпик Лион кој што во претходната фаза успеа да го елиминира и Јувентус. Францускиот преставник славеше со 3:1 против ,,Ѓраѓаните” од Манчестер.
Веќе ги имаме полуфиналните парови и тоа: Ред Бул Лајпцинг – ПСЖ и Баерн Минхен – Олимпик Лион. Ова значи дека ривали помеѓу себе ќе бидат феранцуските против германските ривали.
Од 1991 година ова е прв случај да во полуфиналето нема преставник од: Англија, Шпанија и Италија. Во таа далечна 1991 година во полуфинале беа екипите на Црвена Звезда – Олимпик Марсеј и Спартак Москва – Баерн Минхен, каде што историски шампион беше Црвена Звезда.



