На ЛОИ во Токио репрезентацијата на Франција покажа квалитет и славеше против Дрим-тимот на САД со 83-76.
За тимот на САД играа Дуран, Татум, Лилард и многу други НБА ѕвезди, но тоа не им сметаше на Фурниер, Де Коло и другарите да стигнат до голема победа. Најдобар поединец на мечот беше францускиот кошаркар Фурниер со 28 поени.