
Галските фудбалери на Кери ја освоија 82. провинциска титула во историјата, откако во финалето на Манстер го совладаа составот на Корк со (4-22) 34-12 (1-9).
Со оваа победа, ,,Зелено-златните” се пласираа во полуфиналето на Ол-Ајрленд Сениор Фудбал Чемпионшип, каде што ќе го чекаат шампионот на Алстер, односно победникот од мечот помеѓу Монахан и Тироун.
Корк одлично го започна натпреварот, водејќи со 3-8 после седумнаесет минути игра.
После триесет минути од првиот судиски свиреж, резултатот гласеше 10-10, но во продолжение, Кери ја оправда својата доминација со серијата од 24-3.
Стрелец на единствениот гол за поразениот тим беше Брајан Харли (1-3), кој воедно беше и најефикасен од своите соиграчи.
На спротивната страна, поентерски најрасположен беше Шон О’Шеј (1-6), два гола постигна Пол Гини (2-1), а уште еднаш топката во мрежата на Мајкл Мартин ја смести Брајан О Беглох (1-0).