Новак Ѓоковиќ е прв на АТП листата со 11.830 бода пред второпласираниот Рафаел Надал, трет е Доминик Тим, додека четвртото место русинот Медведев го презеде од Федерер кој сега падна на петто место. Во првите десет сеуште се: Циципас, Ѕверев, Рублев, Шварцман и Беретини.
Новак Ѓоковиќ е 294 седмици на врвот и само пред него е швајцарецот Федерер со 310 рекордни седмици на врвот. Во блиска иднина се очекува српскиот тениски ас да го достигне и сруши овој рекорд.



