Фиорентина незадоволна од резултатите и играта на тимот му даде отказ на Бепе Јакини и на негово место кормилото ќе го преземе Чезаре Прандели. Овој искусен стручњак е омилен кај фановите на ,,Виолетовите” и повторно ќе имаат можност да го подржуваат својот омилен менаџер.
Прандели има огромно тренерско искуство, водеше многу клубови ширум Европа, а во еден период како селектор на Италија стигна до финале на Европско првенство во 2012 година. Сега одново треба да ги поправа резултатите во Фиорентина.