Актуелниот светски и олимписки ракометен шампион Данска го прегази домаќинот Јапонија со 17 голови разлика (47-30) на отворањето на турнирот на ЛОИ во Токио, во мечот кој беше само полесен тренинг за Скандинавците и на кој во просек гол паѓаше на секои – 46 секунди
Дека ќе победи Данска беше јасно уште пред да почне мечот, а прашање беше само со колку разлика ќе заврши средбата, па Холм со девет гола, а Саугструп со осум беа најефикасни, Гидсел и Хансен дадоа по шест за убедливата победа.
Данска до средина на првиот дел веќе стигна до двоцифрена предност и на полувреме имаше плус 11 (25-14), која до средина на вториот дел ја надгради до највисоки плус 14 во неколку наврати и на крајот да заврши со убедливи 47-30.
Египет предводен од бившиот вардаров тренер Роберто Парондо ја победија Португалија со 37-31 во меч на кој во второто полувреме „фараоните“ дадоа 22 гола и тогаш го решија дуелот после израмнетиот прв дел. Овој меч го судеше најдобрата македонска ракометна двојка Ѓорѓи Начевски – Славе Николов.
