вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна ИНТЕРВЈУ

Десподовска: Полска е мојот втор дом каде се чуствувам прекрасно

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
мај 31, 2020
📁 ИНТЕРВЈУ

1.Кога се роди љубовта кон ракометот ?

– Моите родители се некогашни ракометари.Мојот постар брат, како и моите братучедки исто така тренираа додека бев мала со што уште од мали нозе бев опкружена со натпревари во живо како и на телевизија.Пораснав опкружена со љубов кон ракометот и ја продолжив традицијата.

2. Кој ти ги покажа тајните на ракометот, кој беше твојот прв ментор ?

– Тајните на ракометот ми ги покажа татко ми.Тешко е да се биде и родител и тренер во исто време и затоа многу сум му благодарна за стрпливоста која ја имаше сите овие години. А како ментори можам да ги споменам мојот прв тренер Душко, а потоа Радич, со кои долго соработував и исто така ми помогнаа брзо да напредувам.

3. Ако не беше ракометарка. Зорица со која професија друга би се занимавала ?

– Покрај ракометот, работам во својот мини козметички салон и мислам дека после кариерата тоа би била професија која би ја работела со љубов. Исто така некогаш ме интересираше нутриционизмот, па почнав да се едуцирам и на тоа поле сега кога имам малку повеќе слободно време.

4. Какви карактеристики треба да поседува една ракометарка на твоја позиција ?

– Сметам дека бековите се карактеризираат со добра прегледност и силен шут, а покрај тоа важно е и да бидат спремни да ризикуваат и да веруваат во своите одлуки на терен, поточно да бидат лидери.

5.Колку клубови имаше во текот на кариерата и во кој се чуствуваше најдобро ?

– Во Македонија играв во Еуростандард тоа беше втората екипа на некогашниот Кометал. Потоа седум години во Металуг во кој досозреав како играч со помош на постарите колешки како и стручниот штаб. Во странство играв во шведската, турската, а потоа во германската Бундес лига. Потоа потпишав во Полска и ова ќе биде моја пета сезона и тука се чуствувам како дома.

6. Какви се твоите гледишта за клупскиот и репрезентативниот ракомет во Македонија ?

– Сметам дека нашата домашна лига е доста слаба и жално е што нема доволно спонзори да се развие. Често клубовите гаснат и поради тоа многу наши ракометарки мораат да бараат решение надвор од државата, а тоа влијае и директно на нашата репрезентација.

7. Им советуваш ли на девојчињата да се занимаваат со ракомет ?   

– Сметам дека ракометот игра голема улога во развој на младите како физички така и психолошки.Никогаш не зажалив што го посветив времето на ракомет и затоа советувам сите млади кои имаат желба да не се предомислуваат и да ги следат своите соништа.

8. Кои се твите најзначајни постигнувања ?

– Најзначајни постигнувања?! Највеќе се радував кога добив MVP за млада ракометарка на ниво на Македонија. Првите награди секогаш се посебно значајни и се паметат. Со Металург многу златни медали и малку ни фалеше да го освоиме Challenge купот, со Луги сребро во шведската лига и сега бронзен медал на кој што сум многу горда и медалот ми е многу драг.

9.Кои се твоите идни планови и каква порака ќе им испратиш на нашите верни читетели на јависејужна.мк ?

– Моментално се спремам за следната сезона индивидуално. Свесни сме дека ќе биде тешко да го сочуваме медалот па затоа од сега почнуваме да се подотвуваме. Не се оптеретувам со големи планови за во иднина. Работам секојдневно на свој напредок, а резулатите се покажуваат по некое време.

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

– Препорачувам во овој период слободното време да се искористи на спорт и здрава исхрана, со што ќе имаме подобар имунитет и полесно ќе го победиме вирусот.

Share205Tweet
Претходна вест

(ВИДЕО) НРЛ: Трбојевиќ и Паркер ги „срушија“ Кантербери Булдогс

Следна вест

Францускиот тандем ѝ донесе победа на Борусија Менхенгладбах

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Лео Созовски: За успех во одреден спорт потребна е напорна работа, се надевам еден ден ќе ги бранам боите на Македонија
ИНТЕРВЈУ

Лео Созовски: За успех во одреден спорт потребна е напорна работа, се надевам еден ден ќе ги бранам боите на Македонија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
07/Ное/2024
Стефан Мечкароски – Кондициски и фитнес тренер на фудбалскиот шампион Струга ТЛ
ИНТЕРВЈУ

Стефан Мечкароски – Кондициски и фитнес тренер на фудбалскиот шампион Струга ТЛ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Окт/2023
Никола Кутаноски: Со максимална работа во минимални услови ние создаваме Шампиони
ИНТЕРВЈУ

Никола Кутаноски: Со максимална работа во минимални услови ние создаваме Шампиони

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Јул/2023
Ана Петроска: Љубовта која ја чувствувам према Струга ja споделувам преку моите фотографии (ГАЛЕРИЈА)
ГАЛЕРИИ

Ана Петроска: Љубовта која ја чувствувам према Струга ja споделувам преку моите фотографии (ГАЛЕРИЈА)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Јун/2023
Следна вест

Францускиот тандем ѝ донесе победа на Борусија Менхенгладбах

Последно

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.