Последниот натпревар од третото коло во овогодинешната НРЛ сезона го одиграа екипите на Менли Си Иглс и Кантербери Булдогс. „Морските орли“ успеаја да ја запишат својата втора овосезонска победа пред сè благодарение на Трбојевиќ и Паркер во нападот. Победниците на овој дуел направија серија од 28-0 по првите шеесетина минути игра, а есеи постигнаа Трбојевиќ (х2), Паркер (х2), Тауфуа и Сиронен, а Герик погоди две конверзии. На девет минути пред крајот, Аверило, со својот прв есеј во НРЛ, ја намали предноста на противниците, а на пет минути пред крајот, Герик постигна уште еден есеј за конечни 32-6.
Со оваа победа, Менли изби на шестата позиција, додека Кантербери сè уште нема забележано победа и е еден од четирите тимови со по нула освоени поени.



