вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна ИНТЕРВЈУ

В. Темелков-Тренирајте ракомет со срце и љубов и презентирајте ја гордо Македонската репрезентација

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јануари 30, 2019
📁 ИНТЕРВЈУ
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
Од каде љубовта на Владимир Темелков за ракометот и на колку години започна да се заминава со ракомет?
Љубовта кон ракометот т.с. прво кон спортот ја добив од Татко ми.
Татко ми беше фудбалер и кога имаше слободно време пробуваше да ме мотивира и играше заедно со мене и другарите фудбал.
Како мал не бев многу талентиран!🤭
Али со текот на времето како растев почнав да го засакувам спортот.До толку сакав да играм со топка што јас и мојот постар Брат за време на летниот распуст игравме на улица од утро до мрак.
Додека другите деца одеа на ручек јас и брат ми шутиравме во ѕидот и чекавме да се најадат и да дојдат пак.На улица ги играв сите спортови:
Фудбал,Кошарка,Одбојка..Ракомет поретко,затоа што не беше уличен спорт.

Одлучувачки што станав ракометар беше мојот Наставник по Физичко воспитание Илија Амбарков.
Мојот Наставник беше тогашен тренер на ракометната младинска школа на Борец од Велес.
Кога он за прв пат го виде мојот талент на час по Физичко ми рече:Влатко ти мораш да дојдеш кај мене на тренинг.
Тогаш имав околу 13 години и од тука започнува мојата љубов кон ракометот.

 

Кој се твоите први тренери и твојот прв клуб каде започна да ги учиш тајните на ракометот?

Мој прв или матичен клуб е Борец од Велес исто така првите мој тренери се од Велес како што се:Амбарков,Гигов,Кирков,Бисинов,Васко итн.

Долго време беше неприкосновен член на Македонската ракометна репрезентација на позизијата десно крило. Сметаме дека прерано те пензионираа од репрезентацијата и дека имаше уште многу квалитет во тебе како играч кој не го искористија. Какво е твоето гледиште на оваа тема ?

Искрено ми е неблагодарно,сега јас самиот за себе да кажам,колку и дали недостасував на позицијата десно крило и пред се во одбраната.
Јас многу сакав да играм за репрезентација и бев секогаш 100% мотивиран.
Али ете се случи тоа пред ЕП во Данска кога ме известија дека не сум номиниран и дека не сум потребен на репрезентацијата (иако пред тоа ги изиграв скоро сите квалификациски утакмици по 60 минути).
Ми беше тешко во тие моменти,имав уште многу неостварени соништа кој што сакав да ги постигнам со репрезентацијата.
Сепак спортски ја акцептирав нивната одлука.Едноставно нешто што многу ме повреди е тоа што пред,за и после ЕП во Данска скоро воопшто не беше спомнато моето име.Како да не сум играл никогаш за репрезентација.🙁
Неми беа Новинари,Коментатори,Играчи итн.
Како и да е репрезентацијата ми значеше многу и ми помогна да се развивам како играч а јас со моите игри и возвратив на најдобар можен начин.😀😀😀

Фото: Фејсбук профил на Владимир Темелков

 

Во кои се клубови во твојата кариера имаш настапувано во Македонија и надвор од неа ?

Се до моите 18 години бев во Борец потоа се префрлив во Пелистер кој тогаш беше најдобар тим во Македонија.
Во Битола бев 5 години и таму научив најмногу.
Тоа беше мојот прв поголем преокрет во мојата кариера.На 23 години отидов во Германија и таму бев 8 години.
Прво потпишав две годишен договор со Бундеслигашот Фулинген.
Фулинген беше вториот најголем преокрет во мојата кариера и тука го добив германскиот менталитет(дисциплина,цврстина,и одбрана).
После тоа 4 години во Вилштат и на крајот уште две години во Бундеслигашот Балинген.
После Балинген најмногу заради мојата фамилија (жена и две деца) се селам во Луксембург и до ден денес сум овде.
Во моментов настапуваш за тимот на Керјенг кој минатата година ја освои титулата на Луксембург. Како си задоволен од тоа како си прифатен во овој тим и воопшто од животот во Луксембург ?
Да минатата сезона бевме прво место, јас и мојот клуб сме посебно горди на тоа.
Со моите добри игри тука бргу станав лидер и ја добив довербата во моите соиграчи и клубот.
Бев прогласен за најдобар играч во лигата а измеѓу играчите, новинарите и тренерите во лигата се зборува исто така дека Темелков е најдобриот играч што играл во Луксембург.😀😀😀
Луксембург е една мала и добро средена држaва и е идеално место за мене и мојата фамилија.
И покрај тоа, мене ми недостасува Македонија и македонското сонце.
Кои се плановите на Темелков по завршувањето на ракометната кариера. Дали ќе останеш повторно во ракометот како тренер, менаџер или нешто сосема друго ?
Некогаш си мислам,дека никогаш нема да престанам да играм ракомет.
Секоја година добивам се повеќе апетит за игра.
Незнам како би ми било без тренинг и утакмици.
Моментално сум тренер во младинската категорија во мојот клуб и таму собирам искуство. На оволку долга ракометна кариера ќе биде тешко без ракомет .
Со сигурност после мојата кариера ќе продолжам како тренер.
Дали во младинска или повисока категорија ќе покаже времето.
Што ќе им порачаш за крај на љубителите на ракометот и читателите на www.javisejuzna.mk ?
На љубителите на ракомет им порачувам играјте и тренирајте ракомет со срце и љубов, надградувајте се и презентирајте ја гордо македонската репрезентација.
За читателите од порталот “Јави се Јужна ”се надевам ви се допадна моето интервју ,а би ви порачал читајте и понатаму“Јави се Јужна” затоа што се искрени и вистинити.
Многу поздрав до сите од Владимир Темелков!😀😊😀
ShareTweet
Претходна вест

(Видео) Пјатек двоен стрелец за Милан за едно полувреме

Следна вест

Нов клуб за нов почеток и оживување на кариерата на Хесе Родригез

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Лео Созовски: За успех во одреден спорт потребна е напорна работа, се надевам еден ден ќе ги бранам боите на Македонија
ИНТЕРВЈУ

Лео Созовски: За успех во одреден спорт потребна е напорна работа, се надевам еден ден ќе ги бранам боите на Македонија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
07/Ное/2024
Стефан Мечкароски – Кондициски и фитнес тренер на фудбалскиот шампион Струга ТЛ
ИНТЕРВЈУ

Стефан Мечкароски – Кондициски и фитнес тренер на фудбалскиот шампион Струга ТЛ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Окт/2023
Никола Кутаноски: Со максимална работа во минимални услови ние создаваме Шампиони
ИНТЕРВЈУ

Никола Кутаноски: Со максимална работа во минимални услови ние создаваме Шампиони

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Јул/2023
Ана Петроска: Љубовта која ја чувствувам према Струга ja споделувам преку моите фотографии (ГАЛЕРИЈА)
ГАЛЕРИИ

Ана Петроска: Љубовта која ја чувствувам према Струга ja споделувам преку моите фотографии (ГАЛЕРИЈА)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Јун/2023
Следна вест

Нов клуб за нов почеток и оживување на кариерата на Хесе Родригез

Последно

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.