Татко ми беше фудбалер и кога имаше слободно време пробуваше да ме мотивира и играше заедно со мене и другарите фудбал.Како мал не бев многу талентиран!
Али со текот на времето како растев почнав да го засакувам спортот.До толку сакав да играм со топка што јас и мојот постар Брат за време на летниот распуст игравме на улица од утро до мрак.
Додека другите деца одеа на ручек јас и брат ми шутиравме во ѕидот и чекавме да се најадат и да дојдат пак.На улица ги играв сите спортови:
Фудбал,Кошарка,Одбојка..Ракомет поретко,затоа што не беше уличен спорт.
Одлучувачки што станав ракометар беше мојот Наставник по Физичко воспитание Илија Амбарков.
Мојот Наставник беше тогашен тренер на ракометната младинска школа на Борец од Велес.
Кога он за прв пат го виде мојот талент на час по Физичко ми рече:Влатко ти мораш да дојдеш кај мене на тренинг.
Тогаш имав околу 13 години и од тука започнува мојата љубов кон ракометот.
Мој прв или матичен клуб е Борец од Велес исто така првите мој тренери се од Велес како што се:Амбарков,Гигов,Кирков,Бисинов,Васко итн.
Долго време беше неприкосновен член на Македонската ракометна репрезентација на позизијата десно крило. Сметаме дека прерано те пензионираа од репрезентацијата и дека имаше уште многу квалитет во тебе како играч кој не го искористија. Какво е твоето гледиште на оваа тема ?
Јас многу сакав да играм за репрезентација и бев секогаш 100% мотивиран.
Али ете се случи тоа пред ЕП во Данска кога ме известија дека не сум номиниран и дека не сум потребен на репрезентацијата (иако пред тоа ги изиграв скоро сите квалификациски утакмици по 60 минути).Ми беше тешко во тие моменти,имав уште многу неостварени соништа кој што сакав да ги постигнам со репрезентацијата.
Сепак спортски ја акцептирав нивната одлука.Едноставно нешто што многу ме повреди е тоа што пред,за и после ЕП во Данска скоро воопшто не беше спомнато моето име.Како да не сум играл никогаш за репрезентација.
Неми беа Новинари,Коментатори,Играчи итн.
Како и да е репрезентацијата ми значеше многу и ми помогна да се развивам како играч а јас со моите игри и возвратив на најдобар можен начин.
Во кои се клубови во твојата кариера имаш настапувано во Македонија и надвор од неа ?
Во Битола бев 5 години и таму научив најмногу.
Тоа беше мојот прв поголем преокрет во мојата кариера.На 23 години отидов во Германија и таму бев 8 години.
Прво потпишав две годишен договор со Бундеслигашот Фулинген.
Фулинген беше вториот најголем преокрет во мојата кариера и тука го добив германскиот менталитет(дисциплина,цврстина,и одбрана).
После тоа 4 години во Вилштат и на крајот уште две години во Бундеслигашот Балинген.
После Балинген најмногу заради мојата фамилија (жена и две деца) се селам во Луксембург и до ден денес сум овде.
Со моите добри игри тука бргу станав лидер и ја добив довербата во моите соиграчи и клубот.
Бев прогласен за најдобар играч во лигата а измеѓу играчите, новинарите и тренерите во лигата се зборува исто така дека Темелков е најдобриот играч што играл во Луксембург.
Луксембург е една мала и добро средена држaва и е идеално место за мене и мојата фамилија.
И покрај тоа, мене ми недостасува Македонија и македонското сонце.
Секоја година добивам се повеќе апетит за игра.
Незнам како би ми било без тренинг и утакмици.
Моментално сум тренер во младинската категорија во мојот клуб и таму собирам искуство. На оволку долга ракометна кариера ќе биде тешко без ракомет .
Со сигурност после мојата кариера ќе продолжам како тренер.
Дали во младинска или повисока категорија ќе покаже времето.Што ќе им порачаш за крај на љубителите на ракометот и читателите на www.javisejuzna.mk ?
За читателите од порталот “Јави се Јужна ”се надевам ви се допадна моето интервју ,а би ви порачал читајте и понатаму“Јави се Јужна” затоа што се искрени и вистинити.