среда, мај 25, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна ИНТЕРВЈУ

Теодора Дукоска – Уште еден “БИСЕР” на струшкиот ракомет

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
април 11, 2021
📁 ИНТЕРВЈУ

Теодора Дукоска (16 години) е уште една млада талентирана ракометарка која доаѓа од екипата на ЖРК Стружанка од градот Струга, расадник на ракометни репрезентативци и репрезентативки. Игра на позицијата десно крило и десен бек зависно од потребата на тимот. Теодора има неколку настапи за кадетската репрезентација на Македонија, а на последните собири како и за баражот со Романија селекторот на сениорската репрезентација г-дин Симе Симовски ја стави на поширокиот список и на сениорките. Дукоскa специјално за порталот www.javisejuzna.mk одговори на неколку прашања:

На колку години започна со ракомет ? Од каде љубовта кон овој спорт?

-Љубовта кон ракометот се јави уште од мали нозе, а започнав да тренирам на 11 годишна возраст во екипата на ЖРК Стружанка во Струга кај тренерот Владимир Паноски. Со оглед на тоа дека потекнувам од спортско семејство, љубовта кон ракометот и желбата да започнам да тренирам ја добив од мојот брат.

На колку години започна да играш во првиот тим на Стружанка ?

– Довербата да заиграм во првиот тим на ЖРК Стружанка од тренерот ја добив уште на мои 14 години.

Колку настапи имаш за кадетската и младинската репрезентација на Македонија ?

-Во составот на кадетската репрезентација на Македонија имам учествувано два пати, и еднаш во составот на сениорската репрезентација. А поради ситуацијава со ковид-19 не беа одржани собирите на младите репрезентации.

Фото: ЖРК Металург

Селекторот Симе Симовски ве одбра и во поширокиот список на репрезентативки за сениорскиот тим . Дали сте среќна поради тоа ?

– Многу сум благодарна за пружената доверба од страна на селекторот, тоа ми дава дополнителна мотивација за понатамошно напредување и поголеми достигнувања.

Фото: ЖРК Металург

Каде се гледаш во иднина и кој е твој идол ?

– Пред се сакам гордо да ги бранам боите на Македонија, и професионално да се занимавам со овој спорт. Мој идол е Ана Вахирева десниот бек на Русија и на Ростов Дон. Се надевам дека еден ден ќе успеам да ги направам горди сите стружани и сите македонци со моите успеси.

Што ќе им порачаш на нашите читатели ?

– На читатели на порталот www.javisejuzna.mk сакам да им порачам да се чуваат и што поскоро да се вратат на спортските трибини, за заедно да уживаме во спортот и убавините кои тој ги нуди.

ShareTweet
Претходна вест

Ристовска ја однесе ЦСКА на Ф4 во ЛШ

Следна вест

(ВИДЕО) Авангард со ,,меч-топка” против АК Барс

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Андонов: Придобивките од спортот се многу научени животни лекции
ИНТЕРВЈУ

Андонов: Придобивките од спортот се многу научени животни лекции

✏️ Предраг Јанчески
02/Мар/2021
Вук Лакичевиќ – Стружани се прекрасни им благодарам на поддршката!  Ќе бидам уште подобар
ИНТЕРВЈУ

Вук Лакичевиќ – Стружани се прекрасни им благодарам на поддршката! Ќе бидам уште подобар

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Дек/2020
Кучи: Го развивам женскиот фудбал во Тетово, сакам европска Шкендија
ИНТЕРВЈУ

Кучи: Го развивам женскиот фудбал во Тетово, сакам европска Шкендија

✏️ Предраг Јанчески
24/Ное/2020
(Интервју) Мемедова: Седете дома за да победиме сите заедно
ИНТЕРВЈУ

(Интервју) Мемедова: Седете дома за да победиме сите заедно

✏️ Предраг Јанчески
10/Ное/2020
Следна вест
(ВИДЕО) Авангард со ,,меч-топка” против АК Барс

(ВИДЕО) Авангард со ,,меч-топка" против АК Барс

Последно

(ВИДЕО) Тампа Беј го реши дербито на Флорида со три хоум-рани

(ВИДЕО) Њујорк Ренџерс ја израмнија серијата против Каролина Хурикејнс

(ВИДЕО) Дончиќ со дабл-дабл ја спаси првата ,,меч-топка” на Голден Стејт

Честерфилд преку Халифакс до полуфинале на плејофот

(ВИДЕО) Питсбург го победи Колорадо после четирите меѓусебни порази

(ВИДЕО) Василевски заслужен за елиминацијата на лидерите на Истокот

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.