Авангард Омск дојде на чекор до финалето на КХЛ, откако во полуфиналната серија поведе со вкупни 3-2 против АК Барс Казањ.
Имено, денес, ,,Јастребите” триумфираа со 2-3 на гостински терен во Казањ после продолжение.
Во првата третина, Семјон Чистјаков со својот прв погодок во плејофот му донесе почетно водство на Авангард од 0-1.
Во третиот период, во интервал од три минути, АК Барс дојде до пресврт со двата погодоци на Дмитри Воронков.
Сепак, во последната минута, Илја Ковалчук израмни на 2-2, а во иницијалниот дел на првото продолжение Рид Бушер им донесе триумф на гостите.
📸 Twitter: KHL



