Копривата претставува едно од најлековитите растенија и најдобро природно средство за чистење на крвта. Таа е дводомна билка со големи корени. Листовите се покриени со иглички кои при допир се кршат и испуштаат остар сок на кожата кој пече. Цветните гранчиња носат машки или женски цветови.
Оваа билка е широко распространета и ја има насекаде. Ако сакате да ја користите како лек треба да знаете како се бере. Доколку сакате да ги користите листовите и стеблото тие се собираат на пролет, од пролет до есен се собира коренот, а целата билка може да ја собирате преку цела година. Единствено семето од коприва се собира во август, што е многу важно доколку го користите како лек.
Семето од коприва е најдобро лековито средство за прочистување на крвта, со чија редовна употреба значително расте бројот на црвените крвни зрнца.
Состав
Копривата има значителна прехранбена и витаминска врдност. Во својот состав таа содржи: витамини ( Б2, Б5, Ц, К ), железо, калциум, магнезиум, мравска киселина, фосфор, пантотенска киселина, лецитин.
Лековити својства
Поради нејзините лековити својства таа се користи за: чистење на крвта, ја стимулира работата на органите за варење, се користи при несоница, нервоза, ревматизам, треска, бронхитис, опаѓање на косата, го зајакнува природниот имунитет на организмот, го намалува нивото на шеќерот во крвта. Поради незјиното силно лековито дејство таа се користи и при пролетните алергии.
Копривата ретко ја има на нашата трпеза но нејзината употреба е многу важна. Може да ја конзумирате припремена како чај, може да ја конзумирате во разни пити, семето од коприва може да го конзумирате со јогурт или кисело млеко.
Внесете јa во вашата исхрана и бидете полни со енергија и здравје.