Потребни состојки:
2 кг праски
500 г шеќер
Начин на подготовка:
Излупете ги праските, извадете ги семките и исечкајте ги на помали парчиња. Ставете ги во садот во кој ќе ги варите заедно со шеќерот и почекајте 30 минути додека да пуштат сок.
Потоа ставете ги на шпорет да зовријат. Откако ќе зовријат намалете го шпоретот на најслабо и варете 40 минути.