Mладиот пејач Менил Велиоски од Лабуништа, Струга ја израдува својата публика со новата песна наречена „Ничиј син“. Станува збор за убава балада, која ги освои симпатиите на првото сослушување. Ова може да се заклучи од коментарите под видеото на YouTube.
Што се однесува до песната, музиката и аранжманот ги потпишува Александар Кобач, а стиховите се на Марина Туцаковиќ. Менил не крие дека му било голема чест да соработува со Марина на оваа песна.
– Таа ми рече дека верува во мене и дека јас сум нов предизвик за неа. Снимавме сè што замислуваше. Ми беше чест што покрај нејзините проблеми, таа имаше волја да се справи со мене “, рече Менил.
Погледнете како звучи песната и како изгледа видеото подолу!



