Доколку сте во потрага по наједноставниот рецепт за колачиња кои може да ги направите во различни форми, периодов новогодишни, со интересни шари и декорации овој рецепт е она што ви треба. Јас го правам со години и секогаш е успешен.

Изматете го омекнатиот путер со јајцето(едно поголемо или 2 помали) и шеќерот, па додадете го брашното и сосема малку пециво(може и без пециво). Додадете ванила за вкус и оформете не многу меко тесто, но не и да ви се рони. Убаво измесете го. Доколку ви е многу меко тестото, додадете малку брашно и оставете го 10тина минути во фрижидер. Исукајте тенка кора, исечете форми по желба и печете ги во загреана рерна на 200-220 С околу 7-8 минути.
Декорирајте ги по желба, јас ги цртав со бело чоколадо.