Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа на ИТФ фјучерсот во Трнава, Словачка со награден фонд од 25.000 долари во 1/4 финалето ја совлада романката Александра Каданцу со 2:0 по сетови (6:3 и 6:2).
Интересен податок за противничката на Ѓорческа е тоа што во 2014 година котираше високо на ранг листата и се позиционираше на 59 позиција на ВТА листата, што значи е елиминирана квалитетна ривалка.



