Македонија дебитираше на континенталните првенства каде оствари две победи и го освои високото 17-то место, а сега повторно има големи шанси да се пласира на Европско првенство кое ќе се игра во 2021 година.
Македонија ќе биде во Ц група заедно со Турција, Данска и Бих. Пласман на ЕП ќе изборат првопласираните како и петте најдобро второпласирани репрезентации. Првенството ќе се игра во неколку држави а тоа ќе бидат: Полска, Чешка, Естонија и Финска.