На манифестацијата организирана од Општина Прилеп, по повод прогласување на најдобрите спортисти на градот за изминатава 2019 година, Сара Ефтинџиоска доби диплома за најдобар млад спортист, додека капитенката на сениорската екипа на ЖФК Деспина, Катерина Милеска доби плакета за најдобар спортист во Прилеп.

Доаенот на прилепското новинарство Миле Талески ја доби наградата за животно дело и особен придонес во спортот во Прилеп. Овие награди заминаа во вистински раце со надеж и поттик за подобри резултати во иднина.



