понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна ИНТЕРВЈУ

Стефан Јакимовски – Младиот репрезентативен голман кој го засили ФК Лабуништа

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јули 24, 2019
📁 ИНТЕРВЈУ
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

На колку години започна да се занимаваш со фудбал и од каде љубовта да бидеш голман?

На неполни 6 години почнав да тренирам фудбал во ФК Вардар, најпрво на позицијата штопер па потоа голман. Немавме голман, а мене ме влечеше тоа што има паѓања, паради и љубовта према фудбалот кога ги гледав голманите на тренинзи и натпревари. И мислам дека не погрешив што застанав помеѓу стативите. 

 

Во кој клуб ги направи првите чекори и кои беа твои први тренери ?

Првите чекори како што споменав ги направив во ФК Вардар. Во 2010 мојот прв тренинг е со Драган Мутибариќ (поранешен голман и во Шалке 04). Во 2012 година тренер ми беше Мане Манев, во 2013 година Слободан Мутибариќ и Бојан Димковски. Морам да напоменам дека моите најдобри резултати ги постигнав со голманската академија Ивановиќ. Во 2015 година тренер на голмани ми беше Филип Ивановиќ кој ме врати во форма од мојата повреда (фрактура на десната рака). И во моментов тренер на голмани во голманската академија е Филип Ивановиќ и Виктор Ивановиќ. Во Академија Пандев тренер на голмани ми беше Томе Пандев, а во репрезентацијата на Македонија Томе Пачовски. Во мојот нов клуб ФК Лабуништа тренер на голмани е Благоја Буџакоски. Искуството и работата со секој од нив ме прави се подобар голман секој ден. 

Како дојде до трансферот во ФК Лабуништа ?

Од како завршив со настапи во младинските категории имав повеќе понуди каде можам да продолжам. Според мене во моментов ФК Лабуништа е најдобар избор да го дадам мојот максимум и допринос за оваа екипа и луѓето овде.

Колку настапи имаш за репрезентацијата на Македонија за помладите категории?

За нашатата репрезентација имам неколку настапи. Бранев на две пријателски средби против Полска и Англија, и квалификации У19 во Чешка во група со Хрватска (1:1 90мин), Чешка (Пораз 1:2 90мин), Луксембург (Победа 2:0 45мин).

 

Кој светски голман ти е идол и најголема инспирација ?

Икер Касиљас е мојот голмански идол! Го обожавам од кога почнав да бранам уште како мал, ми се допаѓаат неговите постапки на терен и надвор од него. Но сепак најголема инспирација добивам од самиот себе со оглед на тоа дека секогаш сакам се повеќе и повеќе да се надградувам и да тренирам.

Дали е вистина дека дел од твоите фамилијарни корени се и од Струга ?

Да, потекло од Струга имам по мојата баба од страната на татко ми , поточно од селото Јабланица. Поради тоа имам дополнителна мотивација да играм за овој клуб и да се покажам во најдобро светло пред Стружани.

Што ќе им порачаш на љубителите на фудбалот во Струга и читателите на www.javisejuzna.mk ?

На навивачите на ФК Лабуништа и љубителите на фудбалот во Струга им порачувам да продолжат да не бодрат и да бидат со нас. А на нас фудбалерите е да го даваме максимумот за тие да уживаат во фудбалот и резултатите на тимот.

ShareTweet
Претходна вест

Охрид прави супер тим – По Манасков доаѓа и фантастичен десен бек

Следна вест

(Осминафинале) Koмплетни резултати од Светското првенство за млади – У21

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Лео Созовски: За успех во одреден спорт потребна е напорна работа, се надевам еден ден ќе ги бранам боите на Македонија
ИНТЕРВЈУ

Лео Созовски: За успех во одреден спорт потребна е напорна работа, се надевам еден ден ќе ги бранам боите на Македонија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
07/Ное/2024
Стефан Мечкароски – Кондициски и фитнес тренер на фудбалскиот шампион Струга ТЛ
ИНТЕРВЈУ

Стефан Мечкароски – Кондициски и фитнес тренер на фудбалскиот шампион Струга ТЛ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Окт/2023
Никола Кутаноски: Со максимална работа во минимални услови ние создаваме Шампиони
ИНТЕРВЈУ

Никола Кутаноски: Со максимална работа во минимални услови ние создаваме Шампиони

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Јул/2023
Ана Петроска: Љубовта која ја чувствувам према Струга ja споделувам преку моите фотографии (ГАЛЕРИЈА)
ГАЛЕРИИ

Ана Петроска: Љубовта која ја чувствувам према Струга ja споделувам преку моите фотографии (ГАЛЕРИЈА)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Јун/2023
Следна вест

(Осминафинале) Koмплетни резултати од Светското првенство за млади - У21

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.