Тимот на Вотфорд се покажа како ,,најранобуден” од англиското професионално друштво, отворајќи го јануарскиот преоден рок со нов трансфер.
Во редовите на ,,Стршлените”, вчера замина Етиен Капуе во Виљареал, а денес, како слободен играч, пристигна данскиот интернационалец Филип Цинкернагел.
Данецот, во текот минатата сезона, беше трет најефикасен стрелец во норвешката Елитесериен и исто така еден од најважните играчи на Бодо/Глимт за освојување на историската шампионска титула. Во 28 лигашки натпревари, Цинкернагел постигна 19 голови, а притоа додаде и 20 асистенции што му го донесоа епитетот за најдобар асистент во лигата.
Во досегашната кариера, Данецот, освен во Бодо/Глимт (2018-2020), играше само во својата татковина, односно во Коге (2013-2015), во Хелсингор (2015-2016) и во Сондерјиске (2016-2018).
Подетални информации за историската титула на Бодо/Глимт можете да најдете на следниот линк: https://javisejuzna.mk/definicija-za-fudbalska-romantika-istoriskata-2020-i-bodo-glimt/