недела, јануари 24, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Дефиниција за фудбалска романтика: Историската 2020 и Бодо/Глимт

Епов Насе ✏️ Епов Насе
декември 19, 2020
📁 Спорт, Фудбал

Што е романтика?
На ова прашање, дамите и џентлмените дефинитивно ќе дадат одговор поврзан со љубов кон своите партнери. Сепак, вистинските фудбалски фанови знаат дека романтика е нешто многу повеќе од тоа. Претпоследниот пример за фудбалска романтика го испиша Лестер во 2016, кога потполно аутсајдерски успеа да дојде до шампионската титула во англиската Премиер лига. Последната фудбалска романтика ја испиша арктичкиот состав Бодо/Глимт со неверојатната сезона 2020.

Имено, на 19 септември 1916, во градот Бодо, северна Норвешка, е формиран фудбалскиот клуб Бодо/Глимт. Во текот на сезоната 2020 во Елитесериен (норвешката прва лига) овој клуб беше најсеверниот во целото натпреварување. Негов најблизок прволигашки ривал беше големиот Розенборг, ситуиран во градот Трондхајм, на околу девет и пол часови возење. 

Сè до 1971, поради некомпетентноста, тимовите од арктичките предели на Норвешка немале дозвола да се натпреваруваат во првата лига. Сепак, само четири години подоцна, Бодо/Глимт го освоил својот прв трофеј – Норвешкиот куп. Истиот успех го повторил во 1993, но заклучно со 2019, арктичкиот клуб остана само на овие две првокласни титули. 

Од последните петнаесет сезони, Бодо/Глимт помина дури седум во втората норвешка лига. Во 2017 ја доживеа последната промоција во Елитесериен, а само една година подоцна, на неговото кормило застана тренерот Кјетил Кнутсен. Норвежанецот успеа да избегне релегација во својата прва сезона за само три поени, а веќе во 2020 успеа да сруши многу рекорди. Како главна причина за овој успех, Кнутсен го наведува отсуството на својата фамилија, лоцирана во Берген, коешто му дава за право да се сконцентрира само на фудбалот.

Минатата сезона, просечната посетеност на „Аспмира Стадиум“ беше три илјади гледачи. Редуцираниот број на публиката како да ги мотивираше популарните „Суперлагет“, кои од 19 декември 2020 испишаа нова страница во норвешката фудбалска историја.

Бодо/Глимт стана првиот клуб што потекнува од арктичкиот предел на Норвешка што ја освоил Елитесериен! 
Во склоп на ова достигнување, северниот состав ја започна сезоната со десет победи на првите десет натпревари, а ја заврши со само два порази. Едниот од нив, го доживеа на „Сан Сиро“ во квалификациите за Лига Европа, кога Милан славеше со 3-2. Другиот, воедно и единствен во лигата, беше дело на вицешампионот Молде (4-2). 

Составот на Кјетил Кнутсен сруши уште четири национални навидум недостижни рекорди:
– Најмногу поени во една сезона – 81 (претходниот рекорд го држеше Молде од 2014, кога освои 71 поен)
– Најмногу победи во една сезона – 26 (Молде го држеше и овој рекорд од горенаведената шампионска сезона 2014 со 22 победи)
– Најмногу постигнати голови во една сезона – 103 (претходниот најефикасен состав беше Розенборг од 1997 со 87 голови)
– Најголема разлика помеѓу шампионот и вицешампионот – +19 поени во однос на Молде (повторно Розенборг го држеше овој рекорд со +15 во однос на Молде во 1995)

Кога се во прашање стрелците во лигата, од првите десет најефикасни играчи, дури четири се дел од шампионскиот состав на Бодо/Глимт: Каспер Јункер (27 голови на 25 средби – најдобар стрелец во лигата), Филип Цинкернагел (19 голови и 20 асистенции – најдобар асистент во лигата), Јенс Хауге (14 голови на 18 мечеви пред да премине во Милан) и Улрик Салтнес (12 голови – еден од најефикасните играчи за врска).

Според самите играчи на новиот норвешки шампион, најзаслужен за нивниот успех не е тренерот Кјетил Кнутсен, туку нивниот ментален подготвувач – Бјорн Мансверк. Мансверк ја исполнува оваа обврска веќе три години, а неговата ментална подготвеност ја „истренирал“ во Авганистан, каде што неколку години бил воен пилот. 

Како награда за новата титула, Бодо/Глимт ќе го добие назад во Елитесериен најжестокиот ривал, Тромзо, кој експресно се врати во елитата како шампион на втората лига. Со самото тоа, Тромзо ќе стане најблиската дестинација за играчите од Бодо, оддалечен на „само“ 531 километар. Воедно, второлигашкиот шампион ќе го преземе и приматот за најсеверен град во Елитесериен во наредната сезона. 

Дополнителни информации за нивното ривалство, можете да најдете на следниот линк: https://javisejuzna.mk/fudbal-neobichno-rivalstvo-chetka-za-zabi-tromzo-i-bodo-glimt/

Ikke gå glipp av øyeblikkene! 💛 pic.twitter.com/aE8YGjOLdC

— FK Bodø/Glimt (@Glimt) December 11, 2020
Tags: Бодо/ГлимтНорвешкаФудбал
ShareTweet
Претходна вест

(Видео) Tанц на пингвините во Зоолошката во Скопје

Следна вест

Стојановски и Данкерк стартуваа со победа над Шалон Ремс

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на зимските и на англиски фудбал.

Слични вести

(ВИДЕО) Актуелните шампиони поразени за првпат во новата сезона
Останато

(ВИДЕО) Актуелните шампиони поразени за првпат во новата сезона

✏️ Епов Насе
24/Јан/2021
Манчестер Сити се спаси од срам против четвртолигаш
Спорт

Манчестер Сити се спаси од срам против четвртолигаш

✏️ Предраг Јанчески
24/Јан/2021
(Фото) Жоакин го надмина легендарниот Ференц Пушкаш
Спорт

(Фото) Жоакин го надмина легендарниот Ференц Пушкаш

✏️ Предраг Јанчески
24/Јан/2021
Данска сигурна, второто место го сонуваат Хрватска, Аргентина и Катар
Ракомет

Данска сигурна, второто место го сонуваат Хрватска, Аргентина и Катар

✏️ Предраг Јанчески
24/Јан/2021
Следна вест
Стојановски и Данкерк стартуваа со победа над Шалон Ремс

Стојановски и Данкерк стартуваа со победа над Шалон Ремс

Последно

(ВИДЕО) Актуелните шампиони поразени за првпат во новата сезона

Манчестер Сити се спаси од срам против четвртолигаш

(Фото) Жоакин го надмина легендарниот Ференц Пушкаш

Данска сигурна, второто место го сонуваат Хрватска, Аргентина и Катар

(Видео) Погледнете ги најлошите 20 секунди одиграни во фудбалот

Червар – Јас сум виновен за поразот! Заминувам по светското

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.