Во еден од последните дуели во 2020 година, Индијана Пејсерс (4-1) успеаја да им нанесат пораз на Кливленд Кавалирс (3-2) од 119-99 и да избијат на второто место на Истокот.
Со исклучок на воведните минути, домаќините водеа во текот на цел натпревар, а разликата почна драстично да расте во третата четвртина.
Накрај, најефикасен на мечот беше Колин Секстон од Кливленд со 28 поени, а кај Индијана, Домантас Сабонис забележа дабл-дабл со 25 поени, со 11 скокови и со 7 асистенции.