На првата трка од новата сезона во Мото 2, одржана во Катар, Челестино Виети ја запиша првата победа во категоријата од 250 кубици.
Италијанецот изби во водство од самиот старт и извоза соло-трка со цели шест секунди предност пред второпласираниот Арон Канет.
Во фантастичната битка за бронза, Сем Лоус го победи Аугусто Фернандез, кој беше колатерална штета од грешката на Аи Огура.
Накрај, Огура заврши како шести, а пред него се вметна Тони Арболино.
Во првите десетмина се најдоа уште: Хорхе Наваро, Џоу Робертс, Камерон Бобиер и Марсел Шротер.