
Натпреварувачкиот викенд во Контиолахти (Финска) од Светскиот куп во биатлон се затвори со потерите, базирани на вчерашните спринтови.
Кај дамите, актуелната шампионка, Тирил Екоф (31:40,8), го претвори вчерашното второ место во победа, иако имаше две промашени мети.
Неверојатен прогрес од петнаесет позиции имаше Доротеа Вирер (+15,9), која се искачи на второто место, а третопласирана, по вторпат во низа, беше Денизе Херман (+19,5).
Пласманот во првите пет го дополнија двете Норвежанки – Марте Олсбу Роиселанд (+35,8) и Каролине Кнотен (+43,5).
Во машкиот дел, победата од спринтот ја одбрани Квентин Фијо Маје (32:55,0) и направи голем чекор кон освојувањето на кристалниот глобус.
Второто место, со напредок од десет позиции, го освои Ерик Лесер (+8,2), кој го претекна Лукас Хофер (+8,8) за шест десетинки.
За Лесер и за Хофер, денешниот пласман беше прв на победничкиот пиедестал во тековната сезона.
Во пресрет на последното стрелање, сребро имаше Емилиен Жакелан (+22,6), кој накрај заврши како четврт, пред Ветле Сјастад Кристијансен (+31,9).