вторник, јуни 28, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

(ВИДЕО) ,,Врховниот” Амон-Ра им ја донесе првата победа на Детроит после една година

Епов Насе ✏️ Епов Насе
декември 5, 2021
📁 Останато, Спорт
📸 Nic Antaya/Getty Images

За првпат после точно една година, фановите на Детроит Лионс го почувствуваа вкусот на победата, откако нивните миленици, во тринаесеттото коло, ги поразија Минесота Викингс со 29-27.

Иако губеа со 0-6 после првата четвртина, во вториот квартал, ,,Лавовите” ја направија клучната серија од 20-0, која им ја донесе првата победа во тековната сезона.

За Детроит, квотербекот Џеред Гоф уфрли 296 јарди од 25/41 прецизни додавања од кои, три завршија со тачдаун.

За победничкиот состав, освен шутерот Рајли Патерсон (11 поени), поентери беа уште Брок Рајт, Ти Џеј Хокенсон и Амон-Ра Ст. Браун.

Токму последниот играч ја доживеа славата на истоимениот египетски бог, откако им ја донесе победата на Лионс со тачдаунот во последната секунда од мечот.

За Викингс, квотербекот Кирк Казинс одигра фантастичен натпревар со 340 освоени јарди од 30/40 обиди за додавање и со два уфрлени тачдауни, но неговиот тим изгуби огромни шанси за победа поради трите нереализирсни конверзии за два поени.

Од редовите на клубот од Минеаполис, шутерот Грег Џозеф погоди 3/3 филд-голови, а по еден тачдаун постигнаа Александер Метисон, Џастин Џеферсон и Кеј Џеј Осборн.

Во НФК, Детроит (1-10-1) остана на самото дно, додека Минесота (5-7) падна на деветтата позиција.

Во соработка со НФЛ Македонија

GOFF TO ST. BROWN AND THE LIONS WIN AT THE BUZZER! #OnePride #MINvsDET pic.twitter.com/duobP8B2ZK

— NFL (@NFL) December 5, 2021
Tags: Американски фудбалДетроитМинесотаНФЛ
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Ужасно издание на нападот на Хјустон Тексанс

Следна вест

Костески најдобар стрелец, Митков даде гол за победа

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

ВО ЖИВО: Maкедонија – Данска
Ракомет

Никола Митревски ќе биде единствениот македонец во Лигата на шампионите

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
28/Јун/2022
(ВИДЕО) Колорадо аутсајдерски подобар од ЛА Доџерс
Останато

(ВИДЕО) Колорадо аутсајдерски подобар од ЛА Доџерс

✏️ Епов Насе
28/Јун/2022
Македонија денес во 12 часот стартува со подготовките за Европско
Ракомет

Македонија ја “прегази” Грција со 18 разлика на Медитеранските игри

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
27/Јун/2022
Нуров во полуфинале! Ќе се бори за првиот медал за Македонија на Медитеранските игри
Останато

Нуров во полуфинале! Ќе се бори за првиот медал за Македонија на Медитеранските игри

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
27/Јун/2022
Следна вест
Македонското дуо Митков-Костески расположени за голови во првиот меч

Костески најдобар стрелец, Митков даде гол за победа

Последно

Никола Митревски ќе биде единствениот македонец во Лигата на шампионите

(ВИДЕО) Колорадо аутсајдерски подобар од ЛА Доџерс

Македонија ја “прегази” Грција со 18 разлика на Медитеранските игри

Нуров во полуфинале! Ќе се бори за првиот медал за Македонија на Медитеранските игри

(Видео) Лозано со нова прекрасна песна и спот “Ме нервираш”

(ВИДЕО) Прва титула за Колорадо после 2001: Детронизирани шампионите од претходните две сезони

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.