Тимот на Холабрун на македонски интернационалци Влатко Митков и Никола Костески, забележа победа во Втората лига на Австрија со 26-25 против тимот на Грац.
Стружанецот Никола Костески беше најдобар стрелец во домашниот тим со 6 голови, додека Влатко Митков даде 3 гола помеѓу кои и голот за победа на неколку секунди до крајот на мечот.