
Со оглед на фактот дека се дивизиски ривали, Хјустон Тексанс и Индијанаполис Колтс ги одмерија силите двапати сезонава со вкупна поен-разлика од 62-3 во корист на Колтс.
Во тринаесеттото коло, клубот од Индијана славеше во Тексас со убедлив резултат од 0-31.
Најдобар играч во гостинскиот состав беше Џонатан Тејлор, кој освен двата тачдауни, освои уште 143 јарди со трчање.
Освен одличниот ранинг бек, тачдаун постигнаа уште Дион Џексон и Оштон Далин, а шутерот Мајкл Беџли додаде уште седум поени.
Квотербекот на Колтс, Карсон Вентц, освои само 158 јарди со додавање, но сепак беше многу подобар од неговите колеги на спротивната страна – Дејвис Милс (49 јарди од 6/14 обиди) и Тајрод Тејлор (45 јарди од 5/13 обиди).
На табелата на АФК, Хјустон (2-10) го заземаат последното место, а Колтс (7-6) избија на десеттата позиција.
Во соработка со НФЛ Македонија



