недела, јуни 26, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

(ВИДЕО) Влаховиќ израмни рекорд на Роналдо во Серија А

Епов Насе ✏️ Епов Насе
декември 19, 2021
📁 Спорт, Фудбал
📸 Alessandro Sabattini/Getty Images

По вторпат во низа во меѓусебните дуели на ,,Артемио Франки”, екипите на Фиорентина и на Сасуоло ги поделија бодовите.

Имено, во осумнаесеттото коло од тековната сезона на италијанската Серија А, двата ривали ремизираа со 2-2 во Фиренца.

Во првото полувреме, Сасуоло беше комплетно инфериорен состав, но сепак замина на пауза со предност од 0-2.

За ,,Зелено-црните”, четвртиот гол на последните шест средби го постигна Џанлука Скамака (32′), а само пет минути подоцна, водството го удвои Давиде Фратези (37′).

Фиорентина, во воведниот дел на второто полувреме, го намали својот заостаток на 1-2, со шеснаесеттиот овосезонски погодок на Душан Влаховиќ (51′).

За Србинот, овој гол беше вкупно триесет и трет во календарската 2021 година што е еднаков учинок како и рекордот на Кристијано Роналдо од минатата година во Серија А.

После еден час игра, ,,Виолетовите” го анулираа својот дефицит, откако конечниот резултат го постави Лукас Тореира (61′).

До крајот, наместо за пресврт, домаќините се бореа за реми со оглед на фактот дека останаа со играч помалку после вториот жолт картон на Кристијано Бираги (68′).

На табелата, Фиорентина го зазема шестото место, додека Сасуоло се наоѓа на десеттата позиција.

Tags: ВлаховиќИталијаСасуолоСерија АФиорентинаФудбал
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Искусниот Кристоферсен издоминира на третиот овосезонски велеслалом

Следна вест

(Видео) „Не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ!“ – македонските поп ѕвезди преку песна против насилството врз жените

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Стружаните од “3ДИСЦИПЛИНИ” имаа вистинска жетва на медали викендов
Останато

Стружаните од “3ДИСЦИПЛИНИ” имаа вистинска жетва на медали викендов

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
26/Јун/2022
(ВИДЕО) Победнички пресврт на Тампа Беј во последниот ининг
Останато

(ВИДЕО) Победнички пресврт на Тампа Беј во последниот ининг

✏️ Епов Насе
26/Јун/2022
Ќушкоски во октомври 2019 вети пласман на Караорман во втора лига
Фудбал

Ќушкоски во октомври 2019 вети пласман на Караорман во втора лига

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
25/Јун/2022
Еурофарм Пелистер 2 се засили со двајца голмани кои бранеа за Струга
Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 се засили со двајца голмани кои бранеа за Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
25/Јун/2022
Следна вест
(Видео) „Не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ!“ – македонските поп ѕвезди преку песна против насилството врз жените

(Видео) „Не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ!“ - македонските поп ѕвезди преку песна против насилството врз жените

Последно

Стружаните од “3ДИСЦИПЛИНИ” имаа вистинска жетва на медали викендов

(ВИДЕО) Победнички пресврт на Тампа Беј во последниот ининг

Ќушкоски во октомври 2019 вети пласман на Караорман во втора лига

Еурофарм Пелистер 2 се засили со двајца голмани кои бранеа за Струга

(ВИДЕО) Карлтон влезе во битката за првото место со триумфот над Фриментл

(ВИДЕО) Астрос со победа над Јенкис во дербито на Американската лига

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.