Песната и видеото се креирани во рамки на кампањата 16 дена активизам против родово-базирано насилство во 2021 година.
„Не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ!“ е годинешното мото со кое Македонија се приклучи на глобалната кампања „Обој го светот во портокалово за крај на насилството врз жени и девојчиња, сега!“
Koн оваа кампања се приклучија и македонските поп ѕвезди Тамара Тодевска, Дани Димитровска, Антонија Гиговска, Светлана Јовановска, Џон Илија Апелгрин, Лука Ѓоргиевски (Фанк Шуи) и Бранко Николов (Фолтин) во македонската верзија на песната „Очи црни“. Аранжманот е на Џијан Емин, а препевот на песната го направиле Диме Поповски и Васиа Поповска.



