Последниот натпреварувачки ден од Светскиот куп во биатлон пред ЗОИ 2022 во Пекинг, ги опфати машката штафетна трка и женското натпреварување со масовен старт во Антолц, Италија.
Кај мажите, Норвешка (1:12:14,7), во состав на: Стурла Холм Лагреид, Тарјеи Бо, Јоханес Тингнес Бо и Ветле Сјастад Кристијансен, ја оправда фаворитската улога.
На второто место и покрај еден истрчан круг, заврши Русија (+1:57,2), за која скијаа Антон Бабиков, Данил Серохвостов, Александер Логинов и Едуард Латипов.
Зад нив, подиумот го комплетираа Роман Реес, Филип Хорн, Давид Зобел и Лукас Фрачер, кои и’ донесоа бронза на Германија (+2:04,4).
Во женската трка, на победа се радуваше домашната натпреварувачка, Доротеа Вирер (35:58,7), која славеше и покрај двата промашаи.
Зад неа, на пиедесталот, се пласираа Ѕинара Алимбекава (+3,7) и Ане Шевалие-Буше (+11,6), додека во првите пет завршија Кристина Резцова (+22,8) и Жистин Бреза-Буше (+24,8).