
Репрезентацијата на Летонија, во состав на Елина Иева Витола, на Кристерс Апарјодс и на дуото Мартинш Ботс/Робертс Плуме, е новиот европски шампион во санкање.
Имено, Летонците (2:47,101) беа најбрзи на последната трка од сезоната, одржана во Ст. Моритц (Швајцарија), која воедно беше и Европско првенство.
На второто место се пласираше Германија (+0,127), односно Натали Гајзенбергер, Јоханес Лудвиг, Тони Егерт и Саша Бенекен, која воедно е и освојувач на Светскиот куп.
Третата позиција на денешната трка им припадна на Русите (+0,675) т.е. Татјана Иванова, Роман Репилов, Андреј Богданов и Јуриј Прохоров.
Во продолжение, пласманот го пополнија Италија, Украина, Полска, Словачка, Канада, Чешка и Австрија (дисквалификувана).