
На вториот спуст во Кицбил (Австрија) во изминатите три дена, Швајцарецот Беат Фојц (1:56,68) ја оствари првата победа во тековната сезона.
На патеката Штрајф, втората позиција ја зазеде лидерот во генералниот поредок, Марко Одермат (+0,21), кој и’ донесе 1-2 победа на Швајцарија.
Во продолжение следуваа двајцата најдобри домашни натпреварувачи од кои, подиумот заврши Даниел Хеметсбергер (+0,90), а со ,,празни раце” остана Матијас Мајер (+0,94).
Од останатите скијачи, во првите десетмина завршија: Жоан Клери (+1,17), Александер Омодт Килде (+1,23), Доминик Парис (+1,27), Нилс Хинтерман (+1,42), Кристоф Инерхофер (+1,43) и Даниел Данклмајер (+1,49).



