
Деветтиот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во биатлон започна со денешниот женски спринт во Антолц, Италија.
Истиот заврши со славје на домашната публика поради првата овосезонска победа на Доротеа Вирер (20:59,6).
На втората позиција, за првпат сезонава, се искачи Клои Шевалие (+2,8), а третопласирана беше Елвира Оберг (+8,7).
Четвртото место и’ припадна на Марте Олсбу Роиселанд (+14,7), а Словенката Анамарија Лампич (+18,4) беше петта.
Лампич имаше големи шанси да дојде до првиот подиум во биатлон, откако се префрли од крос-кантри, но имаше две промашени мети.