Барис Нур-Султан ја прекина низата од четири порази, откако денес славеше над Трактор Чељабинск со 2-3 после продолжение.
Во втората третина, домаќините поведоа со голот на Михаил Горјунов-Ролзигер, но гостите направија пресврт преку Антон Сагадејев и преку Александер Борисевич во третата третина.
На тринаесет минути пред крајот, Роберт Хамилтон стрелаше за конечни 2-2 после регуларниот дел, а во дополнителниот период, Никита Михаилис им донесе триумф на Казахстанците.
На табелата на Источната конференција, Трактор остана на осмото место со два поени предност во однос на деветтиот Барис.