
Исто како и на првата, така и на втората трка во Вал ди Фиеме, не учествуваа првопласираниот во генералниот поредок, Јарл Магнус Риибер и најдобриот тркач – Илка Херола.
Вчера, нивното отсуство го искористи Јоханес Лампартер, кој триумфираше за првпат во кариерата и стана само третиот различен победник во тековната сезона.
Денешната прва серија даде изненадувачки редослед, предводен од Естонецот Кристјан Илвес, а со мал заостаток се здобија бројни останати конкуренти.
Ова резултираше со изедначена втора серија на десет километри, после која, со триумф се закити четвртиот различен победник сезонава – Винценц Гајгер (26:14,5).
Вчерашниот победник, Лампартер (+5,0) го зазеде второто место, а подиумот го комплетираше Јоханес Ридзек (+5,7), кој освои медал за првпат во 2021/22.
Илвес (+11,2) не го издржа темпото и заврши на четвртата позиција, а наредните шест скијачи се наоѓаа во помалку од две секунди.
Нивниот редослед гласеше: Еспен Андерсен (+12,5), Акито Ватабе (+12,8), Ерик Френцел (+13,2), Јорген Граабак (+13,4), Јенс Лураас Офтебро (+13,5) и Мануел Фаист (+14,4).




