Од денес, па сè до 6 февруари, во пет градови во Камерун (Дуала, Јаунде, Гаруа, Бафусам и Лимбе) ќе се одржува 33. издание на Африканскиот куп на нации.
На него ќе учествуваат вкупно 24 репрезентации, кои се поделени во шест групи.
Од секоја група, во втората фаза ќе одат првите две екипи, како и најдобрите четири третопласирани тимови.
Овогодинешното издание требаше да се одржува во Брегот на слоновата коска, но поради доцнењето со изградбата на потребната инфраструктура, организацијата ја презеде Камерун.
Од досегашните четиринаесет африкански шампиони, во Камерун ќе се натпреваруваат девет (Египет, Камерун, Гана, Нигерија, Брегот на слоновата коска, Алжир, Тунис, Етиопија и Мароко), а дебитанти во континенталниот собир се Комори и Гамбија.
Од останатите прваци, учество на африканското првенство не изборија ДР Конго, Замбија, Судан, Јужна Африка и Конго-Бразавил.
Составот на Алжир, кој важи за еден од најголемите фаворити, ќе се обиде да ја одбрани титулата што досега им појде од рака само на Египет (2006, 2008 и 2010) и на Камерун (2000 и 2002).
Група А: Етиопија, Република Зелен ‘Рт, Камерун, Буркина Фасо
Група Б: Малави, Сенегал, Зимбабве, Гвинеја
Група Ц: Мароко, Гана, Габон, Комори
Група Д: Нигерија, Египет, Судан, Гвинеја Бисау
Група Е: Алжир, Сиера Леоне, Екваторијална Гвинеја, Брегот на слоновата коска
Група Ф: Гамбија, Мавританија, Тунис, Мали