Екипата на Вашингтон ФК успеа да се пласира во плејофот со синоќешниот триумф над Филаделфија Иглс од 14-20.
Во случај на пораз, во плејофот ќе се пласираа Њујорк Џајантс, кои претходно ги добија Далас Каубојс со 23-19.
Имено, Вашингтон, со учинок од 7-9, ја освои својата дивизија НФК Исток, каде што играат уште Њујорк Џајантс (6-10), Далас Каубојс (6-10) и Филаделфија Иглс (4-1-11). Со тоа, ,,Црвените” станаа само трет тим во историјата што ја освоил дивизијата со негативен учинок, после Сиетл Сихокс во 2010 и Каролина Пантерс во 2014.
Синоќа, поранешните Редскинс поведоа со 0-10 во првата четвртина, преку тачдаунот на Тери МекЛорин и шутевите на Дастин Хопкинс.
Во втората четвртина, Иглс направија пресврт со двата тачдауни со пробивање на Џејлен Хуртс, но до крајот, Вашингтон додаде уште десет поени, од кои еден тачдаун на Логан Томас.
Во првата рунда од доигрувањето, Вашингтон ќе се соочи со Тампа Беј Баканирс.
Во соработка со НФЛ Македонија