Во натпревар од ЕХФ Европскиот Куп екипата на Фочани од Романија, за која настапува македонскиот репрезентативец Горан Крстевски загуби од Хаукар од Исланд на реваншот со 27-26. Но, поради триумфот над Хаукар на првиот меч во Романија со 28-26 се пласира во осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп.
Горан Крстевски на овој натпревар постигна 4 голови и беше еден од најзаслужните за пласманот на неговиот тим во наредниот круг.