Милвоки Бакс дојдоа до второто место на Истокот, откако, во дербито на денот, ги совладаа петтопласираните Индијана Пејсерс со 130-110.
Уште од првата четвртина, предноста на Бакс беше двоцифрена и во еден наврат порасна и до +40 поени.
Најзаслужен за триумфот на претставниците на Висконсин беше Јанис Антетокумбо, кој го постигна својот 21. трипл-дабл во кариерата и истиот беше составен од 21 поени, од 14 скокови и од 10 асистенции.
Од друга страна, од поразениот состав, рекорд на кариерата по број на постигнати поени на еден НБА натпревар постави Литванецот Домантас Сабонис (33), кој воедно беше и најефикасен на паркетот.
📸 Justin Casterline/Getty Images



