На Ливерпул откако му беше прекината огромната серија од 68 меча без пораз на домашен терен, веќе не можат ни да дадат гол на свој терен и актуелниот англиски првак загуби од Брајтон со 0:1. Ливерпул уште нема дадено гол на „Енфилд Роуд“ во 2021 година.
Брајтон од март 1982 година немаше лигашка победа против Ливерпул, но конечно триумфираше со првиот премиерлигашки гол во кариерата на Стивен Алзате и ја сруши непријатната традиција.
Сега Ливерпул има големи седум бода помалку од Манчестер Сити, а ,,Граѓаните” имаат и еден натпревар помалку. Тие два тима ќе се сретнат меѓусебе за неколку дена и ако Ливерпул загуби, веројатно ќе се прости од одбрана на трофејот кој го освои лани после 30 години пауза. Освен тоа ,,Црвените” се четири бода позади лутите ривали Манчестер Јунајтед.